Велосипедизам

Фаворитите отпаднаа , трката продолжува

15.07.2014 21:41

Неочекувано, иако само што стигна до планините во Франција велосипедскиот карван на најпрестижната но и најтешка професионална велосипедска трка Тур Д Франс за прв пат во 100 и една годишната историја веќе остана без дел од најголемите фаворити, а меѓу оние што и натаму се на патиштата ги нама најдобрите 5 од минатото издание.

10-тата , прва посериозна ридска етапа, последна пред денешниот слободен ден беше кобна и за победникот од 2007-та и 2009-тата Алберто Контадор кој по падот на 80 километри од стартот сериозно го повреди коленото и едноставно етапата ја заврши во тимскиот автомобил. Пред него ТУРОТ остана и без Марк Кевендиш уште на втората етапа,победникот од 2010-тата Енди Шлек кој се откажа во 4-тата, за веќе во следната трката да остане и без минатогодишниот лауреат во Париз , Крис Фрум.

Но, возбудувањата продолжуваат, отсуството на фаворитите отвора шанса за многу други кои главно требаше да бидат поддршка за најдобрите, а сега веќе калкулираат за своите шанси да го испијат шампањот на елисејските полиња.

Иако трката е на половина и влегува во фазата на најголеми искушенија во планинските етапи, сепак по вчерашниот триумф сега како најголем фаворит се наметнува велосипедистот на Астана, Виченцо Нибали. Откако на еден ден ја загуби жолтата маичка ајкулата од Сицилија  како што го нарекуваат италијанецот со фантастичен напад во финишот на 10-тата етапа и голема леснотија, стигна до втората етапна победа и одново до сериозна преднот во генералниот пласман со 2 минути и 23 секунди пред Ричи Порт, и 2 и 47 пред Валверде. Трката продолжува утре во Бесансон со средно ридска етапа долга 187 и пол  километри.