Прилеп

Пензионерите задоволни од зголемените пензии

01.10.2024 11:59

Пензионерите од повеќе здруженија во земјава во Прилеп, од каде велат почнаа протестите, го изразија задоволството од зголемувањето на пензиите за вкупно 5.000 денари, на двапати по 2.500 денари. Владата вели ги остварила ветувањата кон 330.000 граѓани и тоа во првите сто дена, а експертите предупредуваат дека се потребни мерки за стабилизација на пензискиот фонд...

Македонските пензионери се задоволни од зголемувањето, според нив историско, на пензиите на две рати по 2.500 денари. Особено околу 220.000 од вкупно 330.000 пензионери со примања до 20.000 денари.

Од Владата соопштуваат дека го оствариле ветувањето, и тоа во првите 100 дена, за покачување на пензиите, со што пензионерите го добиваат заслуженото-достоинствени пензии и поквалитетен животен стандард.

Инаку, проекциите за 2025 година се – за 7,5 насто повисоки плати и за 3,2 проценти повеќе вработувања.

 

Елизабета Митреска