Со стратегија до силна економија
За силна економија потребна е стратегија. Да се задржат младите во земјава, да се намали зависноста од увоз, повеќе да се произведува. Но, за сето да успее потребни се стабилни банки кои ќе ги поддржат проектите …

Неопходна е реформа на меѓународниот монетарен систем, за помалите држави да се вклучат порамноправно и за поголема усогласеност на централните банки, порача претседателката Сиљановска- Давкова на 10-тата Меѓународна конференција на гувернери на централни банки, чиј домаќин е Скопје.
За поголема економска стабилност потребно е да се намали увозната зависност, да се задржи младото, продуктивно население во земјава, а не да ја блокираат соседите и да го оспоруваат националниот идентитет.
Високата инфлација ја намали куповната моќ на граѓаните и се зголеми каматната стапка, што не беше популарна мерка на централните банки- вели гувернерката Бежовска. Централните банки успеале да ја намалат инфлацијата од 19 на три отсто.
Последици од руско-украинската војна, ковид-пандемијата, климатски промени, вештачка интелигенција и одржување независност од политичко влијание се дел од предизвиците на централните банки со кои се соочуваат во изминатите години.
Александра Велинова
