Премиерот Мицкоски со отчет за сработеното во првите 100 дена од мандатот
Мицкоски нагласи дека примарна задача и фокус била да се стабилизираат финансиските текови, да ги затворат буџетските дупки и да се справат со дефицитите и хаосот оставени од претходната влада...

Сто дена од работата на Владата. Премиерот Мицкоски денеска ги презентира резултатите од досегашната работа под слоганот „100 проценти посветени, за тебе!“, Мицкоски ги прикажа постигнувањата, проектите и мерките.
Мицкоски, како што истакна на прес- конференцијата, наследената состојба била многу полоша отколку што кој било очекувано, а состојбите се далеку од идеални. За 100 дена, нагласи, реализиравме, донесовме или отпочнавме над 100 проекти, мерки и одлуки важни за граѓаните.
Колку повеќе знаеме дека состојбата е пооптоварувачка отколку што очекуваме, нашата решителност станува поцврста. Наследивме потрошен годишен буџет за само шест месеци. Држава од која младите се иселуваат, 600 илјади кои живеат само со 150 денари на ден и многу други горливи проблеми. Но, тоа само ги засили нашите ангажмани и мотивираност да ги исправиме и да излеземе на правиот пат. Денешната цел е недвосмислена – 100 проценти посветеност кон реализација на проектите и исполнување на ветувањата, рече Мицкоски.
Мицкоски нагласи дека примарна задача и фокус била да се стабилизираат финансиските текови, да ги затворат буџетските дупки и да се справат со дефицитите и хаосот оставени од претходната влада.
Работиме на враќање на долговите, затворање на задолженоста на институциите и јавните претпријатија и имплементација на конкретни мерки во даночната и социјалната политика. Подготвуваме и екипиравме институции, договараме инвестиции кои се значајни за нашата економија и кои ќе отворат многу нови работни места, и работевме и подготвуваме стотици нови проекти, посочи Мицкоски.
Се грижиме, додаде, за сите, за најмладите, за нивното образование и за старите со првата половина од зголемување на пензиите и други нови проекти што ги планираме.
Следуваат многу повеќе проекти, мерки и реформи за кои ќе работиме со целата наша енергија, со целото наше срце. Следуваат нови инвестиции, ценовни намалувања, одлуки за инвестиции, но и мерки за младите, и можам да кажам дека даноците ќе се намалат. Во наредните четири недели очекувајте одлука за дополнително намалување на даноците со што ќе станеме држава со најниски даноци во Европа, вети Мицкоски.
