СП Бразил 2014

Мундијалот низ бројки

15.07.2014 21:43

Бројот еден нормално е за најдобрите за светските шампиони.

3 е за Меси, само три удари кон противничкиот гол упати „златната топка“ во натпреварите од нок-аут фазата.

3 е и за најдобрите три гола: Тим Кејхил против Холандија, ремек делото на Хамес Родригез против Уругвај и летечкиот холанѓанец Ван Перси на мечот со Шпанија.

6-ката е за 6-те германци: Нојер,Хеведес,Боатенг,Кедира ,Озил и Хумелс кои во 2009-тата го освоија европското младинско првенство, а сега и светското.

7 е за Аргентина, само 7 минути гаучосите губеа или беа во негатива на мундијалот.

8 натпревари се играа во продолженија.

10 црвени картони.

12 пенали и исто толку, дузина селектори останаа без работа или одат на нова по светското првенство.

16-ката е за Англија. Толку селекции имаа одиграно само по еден натпревар во фазата по групи, а веќе се знаеше дека англичаните си одат дома.

Ќе завршиме со 100. Толкав беше коефициентот ако типувавте дека Родригез ќе биде најдобриот стрелец или за 1 вложено би добиле 100 во било која валута.