ССМ не отстапуваат од барањето за зголемување на минималецот
Синдикатите велат дека очекувале од Владата, во првите 100 дена да седнат на заедничка маса. Оттаму не отстапуваат од барањето за зголемување на минималецот. Од Организацијата на работодавачи очекувале Владата да покаже поголемо чувство за бизнисот и за кризите со кои се соочуваат компаниите во нивното работење...

Нечовечки е 25.000 работници да примаат плата од 22.567 денари, вели првиот човек на Сојузот на синдикатите на Македонија, Слободан Трендафилов. Тој укажува дека за да се покрие една синдикална минимална кошница се потребни три минимални плати.
Синдикатите велат дека очекувале од Владата, во првите 100 дена да седнат на заедничка маса. Оттаму не отстапуваат од барањето за зголемување на минималецот.
Претседателката на организацијата на работодавачи, Владанка Трајкоска, вели дека од Владата очекувале да покаже поголемо чувство за бизнисот и за кризите со кои се соочуваат компаниите во нивното работење. И синдикатите и работодавачите чекаат да се свика седница на Социоекономскиот Совет.
Трајкоска посочува дека приоритет за бизнисот е да се работи на подигнување на продуктивноста на компаниите, на изнаоѓање нови пазари и да се подобри инфраструктурата.
Александра Спировска
