Статистика

Зголемен бројот на работниците во индустријата

01.10.2024 13:20

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во август 2024 година, во однос на август 2023 година, бележи пораст од 4,8 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 1,3 %, додека опаѓање бележи во секторот Преработувачка индустрија за 0,9 %.

Бројот на работниците во индустријата од јануари до август годинава, во однос на истиот период лани, е зголемен за 1,4 проценти. Во август 2024, пак, во споредба со август претходната година, нивниот број е намален за 0,5 проценти, соопшти Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во август 2024 година, во однос на август 2023 година, бележи пораст од 4,8 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 1,3 %, додека опаѓање бележи во секторот Преработувачка индустрија за 0,9 %.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во август 2024 година, во однос на август 2023 година, бележи пораст кај Енергија за 4,7%, Капитални производи за 10,5% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 21,3%, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 6,4% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 7,6%.