Образование

Почна новата академска година

01.10.2024 13:34

Стартува учебната година за новите студенти. Свечен настан организираа државните универзитети во земјава, сите студенти собрани на едно место.

Почна нова академска година, но со помал број бруцоши. Најголем интерес за студирање има на природно-техничките факултети, но и на најбараниот факултет-ФИНКИ има над 300 студенти помалку од лани.

Професорите им посакаа успех на студентите и ветија подобри услови за студирање.

Од 15 илјади матуранти, на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ се запишале околу 10 илјади бруцоши.

Иселувањето и помалиот наталитет се причина за опаѓање на бројот на студенти.

Голем број од новозапишаните студенти иднината ја гледаат во странство.

Ирина Гелевска