Образование

Почна академската година на Универзитетот „Гоце Делчев“

01.10.2024 14:05

Се одржа првиот академски час за учебната 2024-2025 година на Универзитетот „Гоце Делчев“. Ректорот вети квалитетно образование и изрази надеж дека најголем дел од студентите својата кариера ќе ја градат овде. Министерката за образование со најава за повисок студентски стандард од идната година...

Ова се идните градители на нашата земја и ние како универзитет ќе им овозможиме квалитетно образование со надеж дека своите кариери ќе ги градат овде. Ова е пораката на ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ на свечениот прв академски час за новите студенти.

Министерката за образование истакна дека државата ќе вложува во стандардот и на професорите со зголемување на нивните плати и на студентите со стипендии и подобри услови во студентските домови.

Универзитетот „Гоце Делчев“ е лидер во дигитализацијата на универзитетите, што во голема мера го олеснува студирањето.

Министерката Јаневска најави поголема соработка со студентските организации, кои меѓу другото бараат измени на Законот за студентски стандард.

 

Славица Величковска