Се запали училиштен автобус на Тајланд, најмалку 25 загинати
Најмалку 25 лица загинаа откако пожар изби во училиштен автобус во предградие на Банкок. Во моментот на несреќата автобусот превезувал 44 патници-помлади ученици и нивните професори...

Најмалку 25 лица загинаа откако пожар изби во училиштен автобус во предградие на Банкок. Во моментот на несреќата автобусот превезувал 44 патници-помлади ученици и нивните професори.
Министерот за внатрешни работи на Тајланд рече дека сè уште не можат да го потврдат точниот број на жртвите бидејќи не завршиле со истрагата, но врз основа на бројот на преживеани се стравува дека загинале 25 лица од кои 20 ученици.
Возачот кој ја преживеал несреќата побегнал од местото на настанот и по него сè уште се трага. Тајландската премиерка Шинаватра ги посети преживеаните од фаталната несреќа.
