Филипче контра Мицкоски за остварените резултати
Ветуваа големи работи, донесоа поголеми разочарувања. Лидерот на опозицијата со критики до власта. Филипче контра Мицкоски за остварените резултати...

Добивме влада од која досега слушаме само изговори и обвинувања на претходниците за секоја своја неспособност. Влада која врши партизација со некомпетентни кадри и секојдневни скандали на министрите – вака лидерот на СДСМ Венко Филипче ги образложи првите 100 дена од работата на владиниот состав предводен на ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски ветуваше професионална администрација, повисоки плати, силна борба со криминал и корупција, мудра надворешна политика која ќе на направи повторно горди. Но неисполнувањето на големите ветувања носи и големи разорувања – посочува Филипче.
Првиот социјалдемократ смета дека владата на Мицкоски ја оддалечи земјата од евроинтеграциите, а дека информациите за дестабилизација се само политика на дефокус.
СДСМ имаше грешки во минатото. Се консолидира партијата од тешкиот пораз на изборите кој според Филипче е резултат на големите ветувања на ВМРО-ДПМНЕ а досега не се остварени.
Миле Ристески
