Кој ќе ги замени Ештон и Ромпуј?!
Засега нема фаворити кои ќе ги заземат највисоките позиции во Европската Унија, но, се шпекулира дека Федерика Могерини, актуелната шефица на италијанскатадипломатија, ќе ја преземе функцијата на Ештон...

Европските лидери на самитот во Брисел денеска ќе одлучат кој ќе ги замени Кетрин Ештон, шефот на европската надворешна политика и Херман Ван Ромпуј, претеседателот на Европскиот совет.
Засега нема фаворити кои ќе ги заземат највисоките позиции во Европската Унија, но, се шпекулира дека Федерика Могерини, актуелната шефица на италијанскатадипломатија, ќе ја преземе функцијата на Ештон.
Аналитичарите тврдат дека Могерини е премногу неискусна, и и забележуваат на водење мека политика кон Русија. Во комбинација е и бугарската еврокомесарка Кристалина Георгиева, јавуваат медиумите од Брисел.
На местото на Ромпуј се калкулира со две имиња, Лордот Хил од Орфорд, кој е предлог на британскиот премиер Камерон, и данскиот премиер Хеле Торнинг-Шмит, како најверојатен нов претседател на Европскиот совет.
Ештон и Ромпуј ги напуштаат функциите во ноември годинава.
