Македонија

Николоски оствари работна средба со амбасадорот на Чешката Република, Јарослав Лудва

01.10.2024 20:55

На средбата на којашто беа потврдени добрите билатерални односи, се разговараше за идна соработка во различни сектори од заеднички интерес меѓу двете земји...

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари работна средба со амбасадорот на Чешката Република, Јарослав Лудва. На средбата на којашто беа потврдени добрите билатерални односи, се разговараше за идна соработка во различни сектори од заеднички интерес меѓу двете земји.

Исто така се отвори и прашањето за можноста за воспоставување на нови авиолинии меѓу двете земји, притоа министерот Николоски го запозна амбасадорот за условите и критериумите од веќе објавениот јавен повик за финансиска поддршка за воведување на нови дестинации до/од Меѓународниот аеродром Скопје и Св. Апостол Павле во Охрид. Дополнително министерот го информираше амбасадорот и за инвестиционите планови во инфраструктурата.

На средбата се разговараше и за актуелните политички и економски прашања во земјата и регионот со посебен акцент на реформските процеси што се спроведуваат а се во насока на евроинтегративниот пат на земјава. Меѓу другото, се разговараше и за реформите во однос на владеењето на правото и борбата против криминалот и корупцијата.

Министерот ја потенцира досегашната соработка меѓу двете земји и се согласија дека постои можност за интензивирање на таквата соработка во интерес на двата народи.