АМСМ
Сообраќајот се одвива по суви коловози
02.10.2024 08:32
На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, информираат утрово од АМСМ.
На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ известува дека ќе се изведува реконструкција на десната тунелска цевка од Тунел 1 на автопат А1, делница Демир Капија – Смоквица. На Р-110, од клучка кај с. Тремник до клучка Демир Капија, од вчера сообраќајот е во целосен прекин и се пренасочува преку автопатот поради градежни работи.
