Македонија

Меѓународна конференција „ЕНЕРГЕТИКА 2024“

02.10.2024 08:46

Конференцијата е посветена на унапредување и проширување на знаењата за методите, политиките и технологиите за производство на електрична енергија, одржлив развој и заштита на животната средина.

Во Струга од денеска до 4-ти октомври ќе се одржува Меѓународната конференција „ЕНЕРГЕТИКА 2024“, чија цел е споделување и размена на искуства и планови од областа на енергетиката на регионално и глобално ниво.

Конференцијата е посветена на унапредување и проширување на знаењата за методите, политиките и технологиите за производство на електрична енергија, одржлив развој и заштита на животната средина.

Поканети се релевантни енергетски компании, претставници од индустријата, истражувачките центри, универзитетите и останати субјекти, како и експерти од земјата и странство, а на отворањето е најавено обраќање на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска.