Премиера на „Безвременски прикаски“ денеска во МКЦ
Четирите учесници-актери преку танцови форми и техники ги оживуваат прикаските на Кафка, додека Енес Беговски – авторот на музиката за претставата, со својот Ханг (ударен музички инструмент), ја дополнува атмосферата со живи музички ефекти...

„Безвременски прикаски“ е претстава со карактер на музичко-сценски и танцов перформанс, која опфаќа седум раскази на познатиот писател Франц Кафка.
Четирите учесници-актери преку танцови форми и техники ги оживуваат прикаските на Кафка, додека Енес Беговски – авторот на музиката за претставата, со својот Ханг (ударен музички инструмент), ја дополнува атмосферата со живи музички ефекти.
За визуелните ефекти е задолжен Видеоарт, кој преку видеобим ќе создаде дополнителна сценска магија. Претставата трае 45 минути и нуди уникатна можност за актери да се изразат преку иновативни танцови форми и да ја искористат својата способност за импровизација.
Учесници: Исидор Јованоски, Ана Левајковиќ Бошков, Хакан Даци, Нела Павловска. Видео Арт: Доријан Миловановиќ.
Проектот е поддржан од Министерството за култура на Македонија.
