ЈП Водовод и канализација

Без вода дел од корисниците од Кисела Вода и Центар

02.10.2024 09:02

Од ЈП Водовод и канализација известуваат дека денеска имаат планирано две интервенции во водоводната мрежа...

Од ЈП Водовод и канализација известуваат дека денеска имаат планирано две интервенции во водоводната мрежа.

Поради изведување на водоводен приклучок ф-200 мм на улицата Борис Трајковски бб, општина Кисела Вода, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, односно зградите од комплексот „Трим & Лум“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

Поради менување на вентил ¾ на улица Македонија 16, општина Центар, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.