Србија

Едно лице загина при судир на училиштен автобус со автомобил во Нови Сад

02.10.2024 09:09

Според првичните информации загинал возачот на автобусот. На местото на несреќата се врши увид кој треба да ја открие точната причина за несреќата.

Училиштен автобус полн со деца изутринава се судри со автомобил во близина на Нови Сад. Според првичните информации загинал возачот на автобусот.

На местото на несреќата се врши увид кој треба да ја открие точната причина за несреќата.