Победнички старт на Пелистер во АБА 2

02.10.2024 09:10

Тренерот Александар Петровиќ и неговите избраници со помош на поддршката од трибините стигнаа до резултатот што го посакуваа...

Кошаркарите на Пелистер со победа стартуваа во регионалната АБА 2 лига. Вчера вечер во Битола триумфираа над Широки Брег со 74-72 во рамки на воведното коло во групата Ц.

Битолчани го контролираа резултатот од самиот почеток и заминаа на полувреме со предност од 37-33, која достигна плус 13, (67-54) на пет минути пред крајот.

Упорноста на гостинскиот тим го однесе дуелот во неизвесна завршница, во која на 80 секунди пред крајот ја намалија негативата на 71-69.

Сепак, Пелистер не дозволи целосен резултатски пресврт и со тројката на Никола Мишковиќ стави точка на премиерната победа.

ФОТО: КК Пелистер/ Фејсбук