Израел повика палестинското население да се евакуира
Според палестинците, израелските сили убиле 209 луѓе...

Израел го предупреди палестинското население во Источна и Северна Газа да се исели поради интензивираните воздушни напади врз појасот. Мировната иницијатива од страна на Египет не успеа да ги спречи ракетните напади на Хамас.
Според палестинците, израелските сили убиле 209 луѓе. Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган со остри критики кон еврејската држава поради теророт врз муслиманското население.
„Тоа се терористи, Израел сее смрт врз муслиманите на Газа исто како и на секој Рамазан. Се преправаат дека го прифатиле предлогот за примирје од Египет. И во 2012-та имаше таков договор, ама никогаш не се спроведе“, рече турскиот премиер, Реџеп Таип Ердоган.
Израелските сили ја почнаа операцијата „Заштитна линија“ на 8 јули со цел да ги спречат ракетирањата од Газа. Обединетите Нации известија дека поголемиот дел од жртвите во појасот се цивили.
