Култура

Распишани се конкурсите за наградите „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ и „Мето Јовановски“

02.10.2024 09:23

Со државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ се оддава признание за остварувања во областа на публицистиката и новинарството. Со државната награда „Мето Јовановски“ се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права.

Вчера се распишани конкурсите за државните награди „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ и „Мето Јовановски“ за 2024 година. Конкурсите траат од 1 до 31 октомври.

Со државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ се оддава признание за остварувања во областа на публицистиката и новинарството. Државната награда им се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани.

Државната награда се врачува во Собранието на 21-ви декември, денот на раѓањето на Мито Хаџи Василев-Јасмин.

Иницијатива за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ може да поднесат: установи, трговски друштва, здруженија на граѓани и граѓани.

Конкурсот трае од 1 до 31 октомври 2024 година.

Со државната награда „Мето Јовановски“ се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права. Наградата се доделува секоја година на 10 декември, Меѓународниот ден на човековите права.

Државната награда им се доделува на поединци, здруженија на граѓани, неформални групи и други правни субјекти.

Иницијатива за доделување на државната награда „Мето Јовановски“ може да поднесат здруженија на граѓани, граѓани, странски државјани, како и други правни субјекти во земјава и во странство.