Скопје

Пожар во повеќекатница во Чаир

02.10.2024 10:26

Огнот според првичните информации почнал да се шири од подрумските простории на зградата. Како што пренесуваат повеќе медиуми, евакуирани се над сто лица, а има и неколку повредени...

Гори станбена зграда во скопската општина Чаир. Огнот според првичните информации почнал да се шири од подрумските простории на зградата. Како што пренесуваат повеќе медиуми, евакуирани се над сто лица, а има и неколку повредени.

Според информациите, шест лица на скопските клиники побарале помош поради вдишување на чад.

Информацијата дека има пожар, но без детали за повредените ја потврдија и во МВР од каде за кратко најавуваат повеќе детали.

Екипите на Противпожарната бригада и Итната медицинска помош се на терен.