МВР

МВР: Приведени криумчари на мигранти

02.10.2024 10:27

При преглед во патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал Б.Р., а сопатник бил Љ.Љ., биле пронајдени две лица мигранти од Непал...

Вчера во 19.40 часот во с. Табановце, кумановско, на крстосница кон с. Лојане, липковско, полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Куманово при Регионалниот центар за гранични работи Север ги лишиле од слобода Б.Р.(41) од с. Матејче, липковско, и Љ.Љ.(32) од Куманово.

При преглед во патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал Б.Р., а сопатник бил Љ.Љ., биле пронајдени две лица мигранти од Непал. Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.