Се позлатија сестрите-каратистки од Прилеп

11.12.2013 19:23

Историски успех на македонската карате репрезентација. Сестрите Маријана и Мишела Димоски од Прилеп ги делат првото и второто место во светот за 2013 година во кати за кадети. Овој огромен резултат е успех на нивната напорна работа преку целата година и големиот број на освоени медали на Светските и Европските првенства и купови годинава.

„Ние сме многу задоволни на овој резултат бидејќи е дел од сите наши досегашни успеси, за овие натпреаври се подготвувавме долго време, имавме по два тренинзи во текот на денот во 5.30 часот наутро и навечер и победивме многу репрезентации кои се веле сили“, истакна Маријана Димоска, каратист.

„Од нареднат година ќе наполниме 16 години и ќе можеме да се натпреваруваме во сениори, напорно ќе вежбаме и ќе се подготвуваме за светското првенство за сениори кое ќе се одржи во ноември во Бремен во Германија“, рече Мишела Димоска, каратист.  

Пред нивните нозе паднаа светските велесили во овој спорт, Германија, Русија, Австралија, Шпанија и многу други. Нивниот татко, а воведно и селектор на Македонската репрезентација беше видно возбуден.

„Македонија доби можеби за прв пат во сите спортови две рангирани спортистки во светот, ова е страшно тешко да се постигне, па уште и двете највисоки места“, изјави Златко Димоски, селектор на македонската репрезентација.

Димоски велат дека иако постигнаа огромен успех за нив нема одмор, веќе од утре започнуваат со подготовките за Европското првенство што ќе се одржи во февруари идната година.

Дарко Штаргоски