Жените и натаму помалку платени од мажите
Во Скопје се одржа Економски форум на жени лидерки. Иако се соочуваат со исти предизвици во работењето како мажите, сепак, стереотипите сè уште се присутни во македонското општество. Жените се и помалку платени од мажите.

Жените и покрај стручноста, ниту се конкурентни ниту доволно платени на пазарот на трудот како мажите, предупредува Македонка Димитрова, која претседава со форумот. Таа најави дека ќе поднесат иницијатива до законодавниот дом за воведување системски мерки за повеќе жени на раководни позиции.
Потребно е да се елиминираат бариерите за економска партиципација и лидерство на жените. Женското влијание треба да се зголеми во бизнисот, политиката, администрацијата, академската заедница и граѓанското општество. Во време на нуклеарни закани и геополитички превирања потребно е жените да ја преземат реформаторската улога, бидејќи се способни да се издигнат над личните интереси и профитот, порача претседателка Сиљановска Давкова.
На форумот учествуваат 270 жени претприемачки, активистки, истражувачи, академици од земјава и светот.
Александра Велинова
