МВР: Евакуирани станари од пожарот во Чаир
Од Центарот за управување со кризи претходно информираа дека интервенцијата се извршувала со седум возила и 20 пожарникари. На лице место освен единици од БППЗ кои го гасат пожарот биле и полиција и Итна медицинска помош.

Поради вдишување на чад од пожарот во Чаир на клиниката „Мајка Тереза“ за укажување помош се јавиле неколку лица, од кои еден пожарникар и еден полициски службеник, информираат од Министерството за внатрешни работи. Оттаму дополнуваат дека во 06.30 часот од кровот на зградата биле симнати повеќе станари и ниту еден нив немал повреди.
На 02.10.2024 во 01:55 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во подрумски простории во зграда на улица „Серава“ во Скопје. На лице место упатена е екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје и полициски службеници од СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, се вели во соопштението на МВР.
Од Центарот за управување со кризи претходно информираа дека интервенцијата се извршувала со седум возила и 20 пожарникари. На лице место освен единици од БППЗ кои го гасат пожарот биле и полиција и Итна медицинска помош.
Во тек е интервенција за евакуација на станарите на зградата каде што е магацинот, а каде што потоа гореле и дуќани.
