Санирани последиците од вчерашното невреме во Скопје

16.07.2014 12:20

По обилните врнежи од дожд што вчера попладне го зафатија Скопје, екипите на Градот Скопје и на јавните градски претпријатија веднаш излегоа на терен и ги санираа последиците...

По невремето со силен ветер и обилни врнежи од дожд што вчера попладне го зафати Скопје, екипите на Градот Скопје и на јавните градски претпријатија веднаш излегоа на терен и ги санираа последиците.
 
Екипите на ЈП „Водовод и канализација“ вчера на терен беа излезени со целокупната механизација и интервенираа со 8 цистерни под притисок, 9 цистерни под вакуум и 1 комбинирана цистерна. Вода се исцрпуваше од подвозникот кај улицата Павел Шатев и од подвозникот на булеварот Србија, а се интервенираше и кај клучката кај хотелот „Континентал“, на улицата Владимир Назор, на улицата 474 кај црквата „Света Петка“ во Црниче и на улицата Мишко Михајловски.
 
Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ вчера интервенираа на расчистување на паднати дрвја и гранки на повеќе локации и тоа две паднати дрвја беа расчистени од раскрсницата меѓу булеварот Борис Трајковски и улицата Народни херои, а две паднати дрвја беа остранети од паркот кај училиштето „Невена Георгиева Дуња“. На улицата Ѓорѓи Сугаре отстрането е едно дрво што паднало врз возило. На повеќе локации низ градот се отстранети и паднати гранки.
 
Градскиот штаб за заштита и спасување во соработка со јавните градски претпријатија ја следат состојбата на терен и интервенираат на сите локации каде што има потреба.