Туризам

Германски оператор ќе донесе 35.000 гости

02.10.2024 13:34

Како што нагласи премиерот Мицкоски на прес-конференција во Владата, од февруари идната година операторот ќе носи по еден авион секој ден туристи кои ќе доаѓаат од Германија, Франција и од Велика Британија.

Германски оператор планира, надвор од туристичката сезона да носи по 35.000 туристи во земјава. Земјава очекува милионски приливи.

Како што нагласи премиерот Мицкоски на прес-конференција во Владата, од февруари идната година операторот ќе носи по еден авион секој ден туристи кои ќе доаѓаат од Германија, Франција и од Велика Британија.

Тоа би значело дека според просекот досега што досега е направен врз основа на искуствата на оваа компанија, тоа би значело дополнителни околу 30 милиони евра директни трошења кај нас на овие гости што ќе нè посетат, и ако тука го вкалкулираме сместувањето и останатите трошоци можеме дури и да дојдеме од бројката од 50 милиони евра, изјави Мицкоски.

Овие 35.000 гости ќе бидат на балканска тура – ќе почне со едно ноќевање во Скопје, потоа продолжува во Црна Гора, Албанија, потоа во Охрид каде што ќе има ноќевање и завршува со две ноќевања дополнителни во Скопје.

Бројот на ноќевања што ќе ги имаат претставува од 10 до 15 отсто од вкупниот број ноќевања што ги остваруваат странските гости во овој момент кај нас.

Известува Милчо Велески