Енергетика

Енергетска криза тропа на вратата на Европа, надлежните смируваат

02.10.2024 13:51

Нова енергетска криза тропа на вратата на Европа. Нашата змеја не е изолирана, велат експертите. Војната на Блискиот Исток и во Украина ќе предизвика пораст на цените на енергенсите и електричната енергија. Надлежните смируваат нема да се дозволат поголеми ценовни шокови...

Европа ја очекува неизвесна зима. Поради случувања на Блискиот Исток и војната Русија Украина експертите прогнозираат нова енергетска криза, пораст на цените на енергенсите, течните горива на берзата и електричната енергија. Единствениот излез е што поскоро стабилизација на електростопанството, рехабилитација на енергетската инфрастуктура и изградба на врската за снабдување со гас од Грција.

„Секое поскапување и за минимална цена драматично се одразува на буџетот, но сè што немаме мора да купиме ние го плаќаме во Европа тоа што не можеме да го произведеме со цени кои се на берза на пазарот. Или ќе го платиме веднаш со покачена цена или ќе вложи државата пари ќе семе кредит па нашите деца со долгови ќе го вратат“, вели професорот Константин Димитров, член на ЗЕМАК. (Здружението на енергетичари на Македонија)

„Хидроцентралите треба да се рехабилитираат затоа што на 20-тина години отприлика потребно е рехабилитација на опремата, турбините, генераторите, хидројазлите итн. Освен тоа термоцентралите во случајот имаме многу мали резерви на јаглен и многу кратко време ќе можеме да ги користиме тие капацитети што ги имаме во РЕК и ако таа енергија ни е многу важна како базна енергија“, вели професорот Вангел Фуштиќ член на ЗЕМАК.

Надлежните смируваат, велат се прават анализи за да нема поголеми ценовни шокови.

„Ќе имаме координација со ЕСМ свесни сме за почетокот на грејната сезона од 15-ти октомври ќе го направиме планот за набавка на јаглен за количествата на енергија што може да ги испорача до крај на годинава и да видиме колку енергија недостасува за идната година. Ќе бидеме координирани, ќе мора и ремонт да се направи, правиме сериозен план“, вели Сања Божиновска, министерка за енергетика.

Според експертите со стратешка анализа на енергетските ресурси. Земјава мора да биде подготвена за да може да одговори на предизвиците.

 

Соња Рилковска