Анализа

Најавената одмазда на Израел, ќе ескалира со поголем напад од Иран, велат експертите

02.10.2024 14:44

Кризата на Блискиот Исток ескалира. Денеска, Хезболах го ракетираше Израел, Израел, пак, изврши нови напади врз Бејрут. Експерти објаснуваат дека Техеран многу внимателно го одбрал тајмингот. Засега е нејасно како ќе се постави НАТО – алијансата...

Ракетниот напад на Иран врз Израел не е неочекуван оти со години има закани од Техеран. Моментот е добро избран во време кога светот е преокупиран со војната во Украина и изборите на ново раководство во САД, НАТО, ЕУ. Имаме сериозна тензија која во случај на најавената одмазда на Израел врз Иран, ќе ескалира со поголем напад од Иран, вели универзитетскиот професор Александар Нацев за МТВ.

САД му помогнаа на Израел при соборување на ракетите. Од друга страна Турција како членка на НАТО ја осудува израелската операција на блискиот исток. Алијансата сите одлуки ги носи едногласно, па се очекува како ќе реагира Алијансата на случувањата со иранскиот напад, вели професорот Нацев.

Додека меѓународната заедница повикува на примирје од сите страни во конфликтот, Израел нема да отстапи од намерата да ги ликвидира сите водачи на нападот врз израелската територија.

Речиси една година од нападот на Хамас врз Израел, нема најава за смирување на конфликтот.

 

Ирина Гелевска