Ахмети: Не сме заинтересирани да бидеме дел од оваа Влада, ние не сме резервна гума
Лидерите на Европскиот фронт, предводен од ДУИ попладнево имаа прес-конференција. Тие се во фокусот изминатиов период поради најавите дека ќе почнат со протести.

Европскиот фронт контра постигнувањата на владата во првите 100 дена. Се дестабилизирала државата, се замрзнал балансерот, а со тргањето на економските директори, албанските пациенти останеле без здравствена грижа. Лидерот на ДУИ Али Ахмети повторно ги повика сите политички субјекти да се направи ветинг во државата и истрага за сите приватизации. Од собирот повик до партиите од Вреди да ја напуштат Владата и да се приклучат на Европскиот фронт.
„Ние не сме заинтересирани да бидеме дел од оваа Влада. Дури и кога слушам вакви работи се иритирам. Нека знаат сите дека ние не сме резервна гума и кој сака да не става нас“, вели Али Ахмети.
Во коалицијата Вреди велат СДСМ се конструктивна опозиција, но не и ДУИ кои секогаш прават проблем.
Во следниот период ДУИ на средби со граѓаните во државата и организирање на тематски прес конференции. Во ДУИ велат дека со партиските ограноци ќе направат состаноци, а кон крајот на октомври и протест пред Собранието и Владата.
Миле Ристески
