Македонец меѓу најдобрите математичари во светот

16.07.2014 12:49

На 55 –тата Меѓународна математичка олимпијада во Кејптаун, македонскиот тим освои и три пофалници...

Македонецот Бојан Серафимов освои бронзен медал на Меѓународната математичка олимпијада и се вброи меѓу најдобрите млади математичари во светот.

На 55 –тата Меѓународна математичка олимпијада во Кејптаун, македонскиот тим воден од Весна Манова-Ераковиќ, освен бронзенот медал на Серафимов освои и три пофалници.

Златниот медал на олимпијадата го освоил Мислав Балуновиќ, од Славонски Брод.