Туризам

Германски туристички оператор ќе носи туристи во Македонија

02.10.2024 14:43

Постигнат е договор со германски оператор што планира, надвор од туристичката сезона да носи по 35 илјади туристи во земјава. Властите очекуваат приливи и до 50 милиони евра ...

Од февруари со чартер-лет по околу 190 странски гости ќе доаѓаат во Македонија, вон туристичката сезона. Организатор ќе биде германски туристички оператор. Годишно по 35 илјади туристи од Германија, Франција и Велика Британија ќе доаѓаат за да ги запознаат културно-историски знаменитости, наша карактерна особина како држава.

Целта е вели премиерот Мицкоски, да се развие и културниот туризам. Германскиот тур-оператор, со повеќе од милијарда евра годишен обрт се занимава и со маркетинг, телекомуникации, енергетика и хотелиерство.

Ова би значело дополнително околу 30 милиони евра прилив од директните трошења на туристите, кои практично ќе бидат на балканска тура.

Плановите се чартер-летовите да се дуплираат, но тоа ќе зависи и од нас, бидејќи гостите имаат и свои побарувања во делот на квалитетот на сместувачките капацитети.

 

Милчо Велевски