Образование

Харвард- најдобар универзитет на светот

16.07.2014 13:05

Меѓу првите десет универзитети, 8 се од САД, а два се од Велика Британија, Кембриџ и Оксфорд...

Харвард  е најдобриот универзитет, покажува новата листа направена од Центарот за рангирање на универзитетите во светот. Харвард е на чело на листата затоа што влегол меѓу најдобрите според 7 од вкупно 8  критериуми. Тука спаѓаат квалитетот на образованието, влијанието, проодноста при  вработување, публикациите, цитираноста и слично.

Меѓу првите десет универзитети, 8 се од САД, а два се од Велика Британија, Кембриџ и Оксфорд. На листата се најдоа над 2.000 универзитети.

Центарот за рангирање на универзитетите во светот со седиште во Џеда, Саудиска Арабија, тврди дека е единствениот глобален Центар кој го мери квалитетот на образованието и обуката на студентите, како и престижот на професорите и квалитетот на нивните истражувања, без притоа да се потпира на анкети и податоци од  рангираните  универзитети.

 

Свето Николовски