мвр

„Стави појас“, превентивна активност на СВР Велес

02.10.2024 20:50

При превентивната активност, на возачите, покрај споделените совети и информации во директна комуникација, им беше поделен и едукативен печатен материјал изработен од страна на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата...

Денеска од страна на Отсекот за превенција при СВР Велес на подрачјето на општина Кавадарци, беше реализирана превентивна активност под мотото „Стави појас“, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот и подигање на свеста за употреба на сигурносните појаси од страна на возачите и патниците, што е важно пред сè за личната безбедност на учесниците во сообраќајот.

При превентивната активност, на возачите, покрај споделените совети и информации во директна комуникација, им беше поделен и едукативен печатен материјал изработен од страна на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.