Македонија

Продолжение на 16-тата собраниска седница

03.10.2024 08:21

Пратениците денеска треба да ги разгледаат Предлог- законот за изменување и дополнување на Законот за експропријација и Предлог- законот за изменување и дополнување на Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам, двата по скратена постапка.

Собранието денеска треба да го одржи продолжението на 16-тата седница на чиј дневен ред има уште три неразгледани точки.

Пратениците денеска треба да ги разгледаат Предлог- законот за изменување и дополнување на Законот за експропријација и Предлог- законот за изменување и дополнување на Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам, двата по скратена постапка.

На дневниот ред е и Конечниот извештај за извршена ревизија на успешност на тема „Ефективност на мерките за спречување на одливот на високообразовни и стручни кадри“.

Во рамките на истата седница вчеравечер Собранието донесе девет законски решенија, по скратена постапка.