Полкот за специјални операции со висока обученост за извршување задачи на вода

16.07.2014 13:22

Припадниците на полкот за специјални операции во Струга изведоа методско-показна тактичка вежба „Неутрализирање на непријателски пловен објект“, а беа прикажани и повеќе содржини од обуката на вода како што се: обука во нуркање, совладување на водени пречки и спасување на давеник...

Денеска во Радожда, Струга Претседателот на Република Македонија и Врховен командант на вооружените сили д-р Ѓорге Иванов, Министерот за одбрана д-р Зоран Јолевски и Началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Горанчо Котески, ги посетија припадниците на полкот за специјални операции (пСО) на АРМ, кои на овој локалитет изведуваат обука во летни услови.

Припадниците на полкот за специјални операции во Струга изведоа методско-показна тактичка вежба „Неутрализирање на непријателски пловен објект“, а беа прикажани и повеќе содржини од обуката на вода како што се: обука во нуркање, совладување на водени пречки и спасување на давеник.

Припадниците на полкот за специјални операции вежбата ја изведоа заедно со припадниците на воздухопловната бригада, и со тоа демонстрираа висок степен на обученост и извежбаност за извршување на различни задачи на вода.

Обуката во летни услови со припадниците на полкот за специјални операции ќе се реализира во периодот од 2-ри јули па се до 10-ти август. Оваа година за специјалната единица Волци при АРМ е јубилејна 20-та година.

 

Јованчо Наумоски