Сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, инфомрираат од АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, инфомрираат од АМСМ.
Согласно одобрението за време на измена на режим на сообраќај издадено од Министерството за транспорт и врски на Република Северна Македонија ќе се изведува реконструкција на десната тунеласка цевка од Тунел 1 на автопат А1, делница Демир Капија – Смовица.
На Р-1102 од клучка кај с. Тремник до клучка Демир Капија, поради изведување градежни работи сообраќајот е во целосен прекин и истиот се пренасочува преку автопатот.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
