Македонија
Затворен за сообраќај магистралниот пат Битола- Прилеп поради сообраќајка
03.10.2024 08:49
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен...

Од АМСМ известуваат дека е случена сообраќајна незгода во осум часот на магистралниот пат Битола-Прилеп, кај клучка „Лагово“.
Патот е затворен за сообраќај.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, инфомрираат од АМСМ.
