Сообраќајна несреќа на патот Битола-Прилеп, има загинати
Сообраќајката настанала во директен судир меѓу патничко возило „Тојота“ со прилепски регистарски таблички кое се движело кон Битола и камион кој се движел кон Прилеп. Екипите на Противпожарната единица сè уште се обидуваат да го изгаснат огнот, бидејќи при судирот возилата се запалиле ...

Три лица од Прилеп го загубија животот, а едно е повредено во тешка сообраќајна несреќа што изутрина во седум часот и 45 минути се случи на магистралниот пат Прилеп-Битола, кај село Лагово.
До несреќата дошло при директен судир на автомобил марка „Тојота“ со прилепски регистарски таблички и камион кој сообраќал во спротивната насока. Од силниот удар двете возила се запалиле. Полицијата и јавен обвинител сè уште вршат увид на местото на несреќата, а делницата е затворена за сообраќај.
Екипите на полицијата и Основното јавно обвинителство вршат сè уште увид на самото место, а магистралниот пат Прилеп – Битола е во целосен прекин.
