Петрова на работна средба со шефот на мисијата на ММФ од Вашингтон, Кјобе
Во фокусот на разговорите, како што соопштуваат од УЈП, била наплатата на приходите во првите три квартали од годинава, очекувањата до крајот на 2024 година и проекција на приходите за идната година.
Директорката на УЈП Елена Петрова, со нејзиниот тим задолжен за наплатата на даночните приходи, се сретнаа со претставниците на мисијата на ММФ во земјата, предводена од шефот на мисијата Анет Кјобе, информираат од Управата.
Во фокусот на разговорите, како што соопштуваат од УЈП, била наплатата на приходите во првите три квартали од годинава, очекувањата до крајот на 2024 година и проекција на приходите за идната година.
Освен тоа, се разговарало и за реформите кои се спроведуваат во рамки на УЈП, за активностите за справување со неформалната економија, како и процесот на дигитализација, со цел зголемување на приходите преку поголема наплата на даноците.
Петрова ги запознала членовите на мисијата со преземените мерки и активности за проактивно управување со даночната дисциплина за даночните обврски кои доспеваат во овој период, како и дека ќе продолжи засилениот фокус до крајот на годината за наплата на приходите преку превентивни мерки и мерки за брзо интервенирање во законските рокови за плаќање на обврските.
