Речиси цела недела Струмица со забрана на водата за пиење, решение засега нема
Речиси цела недела е забранета водата за пиење во Струмица заради големи количини на бактерии и манган. На 30 тина локации Комуналец постави канистери од кои струмичани се снабдуваат со вода за пиење. Поразлична е сликата во селата каде жителите имаат свои пумпи. Градоначалникот на Струмица најави намалување на цената на водата...

Вера Прошева од Струмица ги наполни шишињата со вода за пиење и замина кон својот дом. Користи вода од поставените канистери на струмички Комуналец.
Струмичани велат дека е тешко без вода за пиење во своите домови.
Поразлична е сликата во шесте населени места каде исто така водата е забранета. Таму жителите имаа пумпи во своите дворови.
Градоначалникот на Струмица најави намалување на цената на водата. Доколку се донесе одлука, граѓаните ќе плаќаат само за техничка.
Забраната дојде откако испитувањата на водата од струмичкиот водовод покажаа големи количини манган и бактерии.
Ване Трајков
