Мицкоски: ДУИ полека се навикнува да биде опозиција
Мицкоски жали што ДУИ и лидерот Али Ахмети ја споредиле партијата со гума за спасување. Очекувал поголема креативност.

ДУИ пополека се навикнува да биде опозиција, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, со која ги повика Вреди да излезат од владата и да ѝ се приклучат на опозицијата.
Мицкоски жали што ДУИ и лидерот Али Ахмети ја споредиле партијата со гума за спасување. Очекувал поголема креативност.
„Им посакувам опозициски денови во коишто ќе се реформираат, ќе можат да го најдат својот програмски идентитет, исто така кадровски да се реформираат со нови свежи кадри па можеби на некои од следните избори ќе се појават со поинаков пристап од оној којшто го гледавме изминативе повеќе 20 години, пристап во којшто главна цел беше што повеќе да се украде, главна цел беше што повеќе да се направат пакости на граѓаните“, изјави денеска премиерот Мицкоски.
