Одбрана

Средба на министерот Мисајловски со амбасадорот Црна Гора, Миљаниќ

03.10.2024 12:17

Мисајловски му посака успешна дипломатска мисија на амбасадорот Миљаниќ и изрази задоволство од досегашната билатерална одбранбена соработка со Црна Гора...

Министерот Владо Мисајловски денеска во Министерството за одбрана оствари средба со амбасадорот Црна Гора, Н.Е. Зоран Миљаниќ.

Мисајловски му посака успешна дипломатска мисија на амбасадорот Миљаниќ и изрази задоволство од досегашната билатерална одбранбена соработка со Црна Гора.

На средбата се разговараше за продлабочување на сојузничката соработката меѓу двете земји и за интензивирање на интегративните процеси за пристапување кон Европската Унија со една цел, стабилен, безбеден и просперитетен регион.