Поликлиниката „Идадија“ доби нов апарат за магнетна резонанца
Над 400 пациенти биле снимени на новиот апарат магнетна резонанца, којшто два месеци функционира во поликлиниката „Идадија“. Надлежните планираат да воведат и втора смена.

Повреда на колено е здравствениот проблем со којшто се соочува младиот скопјанец кој имал потреба за снимање на магнетна резонанца.
Над 400 пациенти биле снимени на новиот апарат магнетна резонанца, којшто два месеци функционира во поликлиниката „Идадија“. Надлежните планираат да воведат и втора смена.
„Магнетната резонанца претставува врв на дијагностиката во медицината и дава детален приказ. Тоа е неинвазивна, безболна метода која користи нејонизирачко зрачење, тоа е предност во однос на сите други дијагностики“, изјави Самир Исени, директор на Здравствен дом Скопје.
Горлив проблем во јавното здравство не е само термин за дијагностика, туку и читањето на резултатите. Во Здравствениот дом – Скопје веќе една година имаат систем за централизирано читање на резултатите.
„Идејата на министерството е да започнеме со централизација на цела радиологија, на ниво на државата. Со овој систем којшто Здравствен дом веќе го има, а се надевам дека наскоро ќе се поврзе и преку Мој Термин, радиолозите ќе можат резултатите од секаде и во секое време да ги отворат и да дадат мислење, секако со дозвола и по барање на колегите“, изјави министерот за здравство Арбен Таравари.
Дијагностички испитувања во поликлиниката „Идадија“ ќе можат да прават пациенти од целата земја.
Наташа Јанчиќ-Менковски
