Руско - украински конфликт

Руските сили напредуваат на украинскиот фронт, нов напад врз Киев

03.10.2024 12:34

Силите на Москва напредуваат на украинскиот фронт. Во воздушен напад на Доњецк уништено складиште за муниција. Повеќе од пет часа се огласуваа сирени за тревога во Киев додека беспилотни летала „шахед“ пристигнуваа од неколку правци...

Силите на Москва напредуваат на украинскиот фронт. Во воздушен напад на Доњецк уништено складиште за муниција.

Нов напад и врз Киев. Повеќе од пет часа се огласуваа сирени за тревога додека беспилотни летала „шахед“ пристигнуваа од неколку правци. Украинските сили возвратија со дронови врз неколку руски региони.

Зеленски бара од сојузниците заедно да се спротивстават на руските ракети и беспилотни летала по примерот на кој меѓународната коалиција дејствувала на Блискиот Исток.

„Украина долго време им вели на сите свои соседи, на сите свои главни партнери дека треба да соработуваме заедно и да ги соборуваме беспилотните летала шахед, да соборуваме ракети, а особено во областите блиску до земјите на НАТО. Тоа е апсолутно можно како и на Блискиот Исток кога гледаме за време на бруталните ирански напади како меѓународната коалиција дејствува заедно“, изјави украинскиот претседател, Володимир Зеленски.