Тајван
Пожар во болница во јужен Тајван, најмалку девет загинати
03.10.2024 12:37
Најмалку девет лица загинаа во пожар што изби во болница во јужен Тајван, во момент кога осторовот се соочува со силниот тајфун „Кратон“ кој удри на копното носејќи изобилни дождови и ветрови...

Најмалку девет лица загинаа во пожар што изби во болница во јужен Тајван, во момент кога осторовот се соочува со силниот тајфун „Кратон“ кој удри на копното носејќи изобилни дождови и ветрови.
Невремето допоплнително ја отежна спасувачката акција на пожарникарите и евакуацијата на останатите пациенти.
Поради поплавените улици и тешките временски услови, сообраќајот во земјата е отежнат, а сите домашни и меѓународни летови откажани. Ветровите предизвикаа значителна штета и прекини во електричните мрежи.
