Образование

Јаневска: Потребна е меѓуресорска соработка за грижа за менталното здравје на учениците

03.10.2024 14:34

Пристигнати се шест пријави за врсничко насилство, изјави министерката Јаневска. Вели државата има систем и се грижи за менталното здравје на учениците. Според неа, тоа постојано треба биде во фокусот, бидејќи секоја нова генерација мора да добива модерни решенија затоа што и предизвиците се менуваат...

Шест пријави за врсничко насилство од почетокот на учебната година. Министерката за образование Јаневска, бара меѓуресорска соработка за успешно справување со оваа појава . Вели потребни се помодерни решенија оти предизвиците се менуваат со секоја нова генерација.

Училиштата се обврзани да имаат стручни служби и тие најчесто имаат психолог и педагог, но може да бидат и проширени и со дефектолог и со социјален работник во зависност од можностите.

Бирото за развој на образованието, поради овие шест пријави и неколку други настани, испраќа препораки за постапување. Службите изготвуваат годишен план за справување со одредени проблеми за одржување на менталното здравје на децата и според тој план, треба да спроведат едукации и работа со учениците.

 

Александра Спировска