мвр
Средба Мисајловски – Бејер
03.10.2024 18:16
На средбата се разговараше за долгогодишната билатерална соработка меѓу двете земји и за иницијативите за продлабочување на соработката во повеќе области...

Денеска во Министерството за одбрана, министерот Владо Мисајловски оствари средба со Питер Бејер, германски пратеник во Бундестагот.
На средбата се разговараше за долгогодишната билатерална соработка меѓу двете земји и за иницијативите за продлабочување на соработката во повеќе области.
Мисајловски изрази благодарност на Германија за досегашната силна поддршка во евроинтегративните процеси и истакна дека интеграцијата на нашата земја во Европската Унија е највисок државен приоритет.
