Рудниците во РЕК Битола се во лоша состојба
Рудниците на РЕК Битола во лоша состојба кога е во прашање копањето и транспорт на јаглен до термоелектраните. И од Владата и од АД ЕСМ имаат забелешки на работењето на работењето на претходното раководство – најавуваат кривични за претходното раководство. Се прават подготовки за грејната сезона, јаглен ќе мора да се купува велат надлежните...

Откривката на јаловина за ископ и транспорт на јаглен во рудниците во РЕК Битола е на загрижувачко ниско ниво. Неремонтираниот Блок 1 оди во ладна резерва и ќе се активира во најстудените денови доколку се обезбедат потребните количини на јаглен. Грејната сезона ќе се започне со работа на две термоелектрани. И од Владата и од АД ЕСМ најавуваат кривични мерки за претходното раководство.
Недостатокот на јаглен ќе се надополнува со висококвалитетен јаглен од увоз. Дел од несовесното работење е и ненаправениот ремонт на првиот блок кој бил планиран да се направи кон средината на минатиот месец, велат од компанијата.
Оваа зима ќе биде предизвикувачка и поради состојбите кој се случуваат во Украина и евентуалното дополнително покачување на цените на европската берза. Од АД ЕСМ порачаа дека со домаќинско работење и посветен однос ќе настојуваат потребите од увоз да бидат што помали а и производната цена на домашната струја.
Стевче Митревски
